За нас

Humans of the Balkan’s настана по углед на проектот “Humans of New York” кој ги прикажува културолошките разлики во прочуен град во Америка. Балканот е многу сличен бидејќи и самиот е полн со различности. Тука има луѓе со различна вероисповест, друштвено-економски разлики, а тука се и секако различните интереси. Покрај толку големите разлики навистина е чудо што колку всушност во исто време се слични.

Сакаме да ги славиме своите различности, да се гордееме кои сме и постојано да ги почитуваме другите и да ја имаме на ум длабоката поврзаност која постои помеѓу нас.

Основната идеја  е многу едноставна: тука градиме заеднички онлајн простор за т.н ,,,обични луѓе,, и нивните приказни. На крајот на краиштата нели се тие приказни многу похумани од било кои генерализации кои сме ги погледнале во медиумите? Овој сајт треба да биде место на кое заедно ќе ги собираме и прикажуваме приказните од целиот Балкан. Една од нашите цели е тоа да собереме доволно локална поддршка како би можеле да обезбедиме повеќејазичноста и да направиме овие приказни да бидат достапни на сите јазици на Балканот. Се надеваме дека НОВ ќе порасне доволно да стане место на кое ќе цвета зрелоста, демократскиот дијалог за сите теми кој овие приказни можат да го поттикнат.

Пред целиот тим на Humans of the Balkan’s посакувам топла, пријателска и типично балканска Добродошлица на секого кого го гледа овој сајт, чита и пишува приказни кои Балкан ги прикажува во поинакво светло.