Уредувачка политика

Humans of the Balkan’s е иницијатива која ја започнвме за да ја промовираме добрата волја и пријателството во регионот. Како и во скоја Humans of the Balkan’s приказна, сакаме секоја разлика да добие човечки лик и да промине низ личната приказна и искуство. Сметаме дека на тој начин  промовираме подобро разбирање и пријателство.

Како ги пишувате Humans of the Balkan’s приказни?

Сакаме да имате во обзир неколку правила кои ги поставуваме однапред и кои важат за сите нас кои допринесуваме во содржината на Humans of the Balkan’s платформата.

  • Нашите приказни не смеат да го повредуваат човечкото достоинство!

Нема да ги етикетираме луѓето по било која основа ниту да се користат навредливи зборови или пцовки.

  • Секој личен напад, навреда или закана се строго забранети!
  • Не ја користиме формата на приказната за да  рекламирале комерцијални производи или услуги.
  • Водиме сметка за својата приватност и не објавуваме туѓи податоци без дозвола.
  • Не користиме туѓи содржини (слика или текст) без дозвола на авторот.

За да се осигураме да се спроведуваат овие правила, имаме цел тим на луѓе кој ја одобруваат секоја приказна пред истата да биде објавена. Кога приказната ќе биде објавена ќе можете да ја погледнете на својот профил и на Мапата на Балканот.

Се радуваме на секоја објавена приказна и очекуваме да биде вистинита, занимлива и да ја промовира различноста.

Humans of the Balkan’s теми за приказна?

Можат да бидат различни! Ние не бегаме од ,,тешките,, теми. Всушност заради тоа и никогаш нема да одбиеме:

  • Приказна која ги прикажува последиците од кршењето на човечките права и слободи.
  • Приказна која сведочи за последиците од насилство и/или говори на омраза.
  • Приказна која хуманизира и критички се осврнува на состојбата на работите во регионот
  • Приказна која промовира различен агол на гледање: алтернативни културолошки, социјални, верски, економски или политички перспективи

Нашиот тим на уредници предложи некои интересни теми и прашања и направи кратко упатство за авторите на приказните. Вашата работа е да бидете одговорни и креативни, а ние ќе се потрудиме да ја заштититме Humans of the Balkan’s платформата и културата на дијалог.

Како оставате коментари на Humans of the Balkan’s приказните?

Важат истите правила како и за авторите на приказните! Сакаме конструктивен дијалог како што би се очекувале помеѓу пријателите во кафана или помеѓу колегите на работно место. Затоа

  • Трудете се да бидете јасни, прецизни и концизни – без повторување.
  • Нападнете ја идејата, а особата со која полемизирате!
  • Бидете искрени и добронамерни во истражувањето на своите ставови.
  • Flamin и Trolling се строго забранети! Коментари кои содржат говор на омраза, личен напад или ја зголемуваат тензијата нема да бидат одобрени.
  • Држете се до темите. За лични разговори и дружење погледнете го личниот профил на корисникот и поврзете се на некоја друга мрежа или преку е-маил.

Тука сме за вас доколу сакате да ни се обратите со било кој предлог, сугестија или проблем. Имајте на ум дека на евентуалните поплаки ќе одговориме во најкраток можен рок и ќе ги искористиме сите можности кои ни ги пружа WordPress и карактеристиките на платформата да го сузбиеме непосакуваното однесување и насилство на интернет. Тоа може да вклучува достава на информации за корисникот па дури и податоци за IP- адресата на органите на власта.